Култура

Во МКЦ премиери на три современи танцови проекти

Локомотива– Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, организира премиерни изведби на три современи  моно танцови проекти, во Младинскиот културен центар . Утре вечер (03. ноември), во 19 и 30 часот , Александра Петрушевска ќе се претстави со „ Студен воздух- Ода на женската фантазија“, а во 21 часот шпанскиот танчер Дарио Бардам ќе го изведе проектот „ Продолжи да одиш“. Во петок (04. ноември) , во 20 часот Александар Георгиев ќе настапи со „ Screen saver“ .

Изведбите се во рамките на Програмата „ МОТ +“ и се дел од соработката помеѓу Локомотива и фестивалот МОТ, како и дел од тековниот процес на заеднички напор во неколкуте изминати години
да ѝ се овозможи на македонската публика поглед на најновите локални, регионални и меѓународни танцови и перформанс продукции, поврзани со програмата на Локомотива. Таа има за цел да го позиционира танцот како социо-политички релевантна уметничка форма што им овозможува на
различните тела во танцот да го одвлечат вниманието, да произведат афектни релации, да го прошират или да го засилат нашето гледиште за танцот и изведбата.
Трите претстави ќе ни дадат поглед на најновите дела на извонредните уметници Александра Петрушевска, Дарио Бардам и Александар Георгиев кои соработуваа со Локомотива изминатата година и сега премиерно ги прикажуваат своите дела на „ МОТ +“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе