Култура

ДЛУМ вечерва ја отвора изложбата „Мал формат“

Во салонот „Империјал 1“, при Културно- информативниот центар во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата „Мал формат“, на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На неа учествуваат 40 уметници со 55 дела, работени во различни медиуми (сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти и нови медиуми).

„Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“, со површина 25 на 25 сантиметри, претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност“, велат  од ДЛУМ во најавата за изложбата.

Во рамките на отворањето на изложбата ќе биде доделена една награда за мал формат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе