Вести Македонија

ИН МЕМОРИАМ: Почина 96-годишната партизанка Драга Русковска

Драга Русковска, партизанка во Втората светска војна и учесник во пробојот на Сремскиот фронт во 1945-та, почина денеска на 96-годишна возраст.

Русковска, една од најдолговечни борци од НОБ, е родена во Штип на  22.02.1926 година.

Во 1943-та година е затворена од бугарските окупатори поради учество во активности за ослободување.

Потоа заминува во партизани и учествува во ослободителните битки во повеќе градови меѓу кои и во ослободувањето на Скопје на 13-ти ноември 1944. г.

Со својата бригада, наредната година оди на Сремски фронт каде учествува во пробојот на последните фашистички позиции подржани од  нивните соработници од Југославија.

Во борбите на Сремскиот фронт, Драга Русковска е ранета.

По ослободувањето е активна во општествено-политичкиот живот во слободна Македонија, а во 1991-ва ја дочекува и независноста на државата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинската разузнавачка агенција тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

Дејан Дејан

Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели

Дејан Дејан

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе