Вести Македонија

Завршена проверката во „Орце Николов“- нема бомба, лажната дојава содржела смртна закана со поставен експлозив

Директорот на скопската гимназија „Орце Николов“ изјави дека завршила проверката на безбедносните единици во објектите на училиштето и не била откриена никаква експлозивна направа. Вели дека заканата ја пријавиле откако на службената имејл адреса пристигнала порака со вознемирувачка содржина.

„Моравме веднаш да интервенираме, бидејќи пораката беше дека е поставена бомба на територијата на училишето“, ни изјави директорот.

Веднаш беше пријавено и за многу кратко време од ЕБР Карпош, односно полициската станица Карпош, дојдоа луѓе, дојде полиција. Евакуирани веднаш беа учениците и целиот колектив, персоналот на училиштето. Потоа дојде интервентна полиција, екипа за антитероризам и извршија целосна проверка. Училиштето е безбедно, очигледно се работело за лажна дојава, меѓутоа, моравме да пријавиме, изјави директорот.

Повеќе информации за заканите за поставени бомби во пет скопски средни училишта, како и целиот разговор со директорот во вестите на Телма во 15:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе