Вести Македонија Топ вести

(Видео) Или „излезете од возилото“или „држете ја устата затворена“- туристи на пат кон Скопје бркани од автобус, го замолиле да не пуши цигари доедека вози

Туристи кои од Охрид патувале за Скопје на социјалните мрежи објавија видео каде револтирано и во неверување пишуваат за недозволено однесување на возачат на автобусот во кој се превезувале и тие, но останати патници.

Во објавата стои дека возачот за време на патувањето пушел цигари во затвореното возило додека патниците биле во него. Дури и откако пушел за време на паузите, тој продолжил да пуши цигари и внатре, полнејќи го возилото со чад од цигари, а воедно одбивал да го вклучи клима уредот. Неколку патници се чувствувале лошо и според пишувањата развиле силна главоболка и гадење.

-Кога учтиво го замоливме да престане да пуши и да го вклучи клима-уредот, тој стана агресивен, велејќи ни или „излезете од возилото“ или „држете ја устата затворена“, стои во објавата на еден од патниците.

Револтираните туристи ја исконтактирале и компанијата каде што бил вработен возачот на автобусот, но оттаму добиле одговор дека на нив како туристи не им било дозволено да го замолат да престане да пуши цигари.

  • За да биде уште полошо, претставникот на компанијата со кој бевме принудени да разговараме всушност го бранеше однесувањето на возачот, велејќи: „Знаеме дека пуши во возилото. Не ви е дозволено да го замолите да престане да пуши“. Тој одговор е повеќе од шокантен. Наместо да ги заштитат патниците, тие го бранеа опасното и непрофесионално однесување, пишува во објавата на Фејсбук.  Телма се обиде да стапи во контакт со „Македонија Сообраќај“ кои се одговрни за превозот и на која се  жалат и туристите, но броевите за контакт кои се оставени не се во функција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран, САД и Либан ќе формираат „заеднички комитет“

Kristina Kuzmanovski

ДЗС: Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Венецуела: Три годишно дете спасено шест дена по земјотресот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе