Вести Македонија Топ вести

Лукровски се враќа на функцијата градоначалник на Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, се враќа на своето работно место. Тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности, дознава Телма.

Во негово отсуство, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој доби овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Карпош Лукровски подолг период е отсутен. Тој на 8 мај замина на боледување, а сите права и обврски од градоначалничката функција ги предаде на совеникот Неделчо Крстевски. Подолгото боледување на Лукровски предизвика шпекулации околу неговото можно повлекување од функцијата, како и евентуално распишување избори, кои премиерот ги демантираше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран, САД и Либан ќе формираат „заеднички комитет“

Kristina Kuzmanovski

ДЗС: Во 2025 година 911 бесправно изградени објкети

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Венецуела: Три годишно дете спасено шест дена по земјотресот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе