Вести Македонија Топ вести

Денеска ќе се знаат имињата на новите министри

Имињата на новите министри ќе бидат соопштени денеска по седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со владината реконструкција речиси е извесно дека ЗНАМ го губи министерството за правда, но засега од таму не коментираат ништо.

Велат ќе соопштат кога одлуките ќе поминат пред партиските тела.

Премиерот вчера изјави дека принципиелно има договор околу ресорите, но истакна дека деталите ќе ги објават денеска.

Ние не сме разговарале за персонални решенија и за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав дека додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори, ниту имиња. Почекајте до утре до отприлика дваесет часот и јавноста ќе биде подетално запознаена, изјави Мицкоски.

Претстојната реконструкција на Владата не е ништо друго освен континуитет на богатењето на поединци, без придобивки за граѓаните и со статус-кво по сите основи. Ваква е оценката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Лидерот на СДСМ пак вели дека оваа реконструкција не е ништо друго освен едноставно континуитет на процесот којшто е започнат пред две години – осиромашување на земјава, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа.

Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто што е небитно. Тоа е замена на Курто со Мурто и ништо друго. Граѓаните нема да видат ама апсолутно никаков бенефит од оваа Влада којашто ја води Христијан Мицкоски. Сѐ ќе биде статус-кво, односно квалитетот на живот на граѓаните ќе се намалува. Оваа реконструкција не е ништо друго освен едноставно континуитет на процесот којшто е започнат пред две години – осиромашување на земјава, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа, изјави Филипче.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шефицата на европската централна банка го брани неодамнешното зголемување на каматните стапки

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Американските преговарачи се во Доха на преговори со Иран

Kristina Kuzmanovski

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе