Вести Македонија Топ вести

Притвор за 36-годишник кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете

Триесет и шест годишен се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно детете. Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него. Според обвинителството  од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на обвинителството. 

Поради можност за повторување на делото, опасност од бегство и влијание врз оштетената и нејзиниот исказ, но и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат дали населението треба да се ограничи на 10 милиони жители

Tea Dimkovska

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува декa најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе