Вести Најважни Свет

Tрамп: Убиен е лидерот на венецуелската криминалнта група „Трен де Арагуа“

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е убиен Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, кој го опиша како озлогласен лидер на венецуелската криминална група „Трен де Арагуа“. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека акцијата била спроведена претходно оваа недела врз објект на групата во Венецуела. Според него, операцијата ја потврдува заедничката посветеност на САД и Венецуела во борбата против нарко-терористичките организации и спречувањето тие да имаат безбедно засолниште во западната хемисфера.

„Трен де Арагуа“, која САД ја прогласија за терористичка организација, потекнува од затворот Токорон во венецуелската држава Арагуа. Во изминатата деценија групата значително го прошири своето влијание, паралелно со масовната миграција на Венецуелци кон другите земји во Латинска Америка и САД.

Гереро Флорес во декември беше обвинет пред федерален суд во Њујорк за заговор во рамки на рекетарска организација и други кривични дела, меѓу кои и поддршка на терористички активности. Американските власти претходно понудија награда до пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.

Според обвинителот на САД, Џеј Клејтон, „Трен де Арагуа“ е одговорна за бројни случаи на насилство, изнуда и трговија со дрога во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.

Новинарката и авторка Рона Рискез, која ја истражува оваа криминална мрежа, оценува дека е многу веројатно припадници на групата да се присутни и во САД, но дека нивниот точен број и активности остануваат нејасни. Жители на венецуелската држава Арагуа сведочат дека со години живееле под закани и страв од групата.

„Бев директно заплашувана од Трен де Арагуа, како и моето семејство. Поради страв престанавме да се дружиме и се повлековме во семејниот круг“, изјави жителката Есперанса де Андраде.

Иако властите во повеќе земји од регионот, меѓу кои Колумбија и Перу, ја поврзуваат организацијата со бран насилства и криминални активности, аналитичарите посочуваат дека таа нема значајна улога во меѓународниот шверц на кокаин, за разлика од некои други криминални групи од Латинска Америка. Венецуелското Министерство за комуникации засега не се огласи по повод американската операција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува декa најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска порача: Да се европеизираме преку Копенхашките критериуми, а не преку решавање историски спорови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе