Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е на страната на бугарските барања за уставни измени, а ние на страната на македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги поддржува бугарските барања за уставни измени, додека партијата останува на позиција за заштита на македонските национални интереси.

„Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека политиките на СДСМ и ДУИ ја довеле државата во подредена позиција и создале простор за постојани притисоци кон земјата.

„Наместо заштита на националните интереси, СДС прифаќаше договори кои беа во корист на туѓи, а не на македонските позиции“, се вели во соопштението.

Партијата тврди дека Филипче е „најгласен промотор“ на ваквите политики и дека безусловно ги поддржува барањата кои доаѓаат од Софија. Во соопштението се наведува и дека мнозинството граѓани ја поддржуваат надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додека довербата во СДСМ опаѓа.

„Македонија нема да прифаќа нови условувања, нема да тргува со својот идентитет и нема да дозволи националните интереси повторно да бидат жртвувани за нечии политички кариери. Времето на капитулации заврши“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува декa најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска порача: Да се европеизираме преку Копенхашките критериуми, а не преку решавање историски спорови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе