Вести Македонија Најважни

Филипче: Дали Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објавата на „X“ посочи дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда.

„По првпат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов”, напиша Филипче.

Претходно во дел од интервјуто за МИА, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека: „Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата“.

Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија.

„Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?“, праша претседателот на СДСМ.

Toj додаде дека по првпат некој од ВМРО-ДПМНЕ јавно го кажува она што во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваат веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов.

За СДСМ реформите и Копенхашките критериуми се европски барања, a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите.

„Не смееме да дозволиме Мицкоски со лаги и пропаганда да го дели народот, да ја изолира Македонија поради својот криминал и корупција и да ја остави Македонија како слепо црево на Балканот. Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата. Реформи сега. Европа сега” стои во објавата на претседателот Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува декa најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска порача: Да се европеизираме преку Копенхашките критериуми, а не преку решавање историски спорови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе