Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено уште едно рочиште за судењето за предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Во предметот е назначена обвинителката Енѓелуше Кадриу Лежи откако претходно обвинителката во случајот Ленче Ристоска беше повлечена од страна на новиот државен обвинител Ненад Савески.
Обвинителката Кадриу Леши ќе ги разгледува и ќе прави увид во сите вештачења за да го прецизира обвинителниот акт.
Последното рочиште беше откажано на почетокот на мај поради отсуство на еден адвокат од одбраната. Освен партијата ВМРО-ДПМНЕ, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, како и поранешните партиски функционери Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристовски.
Обвинителката Ленче Ристоска, откако беше повлечена од „Талир 1“ и „Талир 2“, поднесе оставка на обвинителската функција.
