Обвинителката спинувала искази на вработени во ЕСМ со правдање од нивни технички наводи за да ја затвори истрагата за мазутот и паушално го спровела вештачењето на доказите, ЕСМ со реакција и со напад врз обвинителката во ОЈОГОКК , Катерина Коларевиќ иако не ја спомнува во своето писмено обраќање во јавноста. Обвинителката Коларевиќ пак рече дека претсавниците на ЕСМ на аведочење се изјасниле дека компнијата штета туку корист од тендерите на РКМ, за што МВР пиша кривична пријава со штета од над 167 милиони евра. Сведоците биле на високи позиции во ЕСМ на 4-ти март кога бил распитот односно биле Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи.
„Постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката. Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета“, велат од ЕСМ.
Истрагата беше затворена во вторник, а обвинителката Коларевиќ уште тогаш, на брифингот со новинарите посочи дека, сведоците од ЕСМ тврделе дека нема штета, вчера на брифинг за Телма изјави дека нивниот исказ е еден од клучните докзаи за прекинување на истрагата. ЕСМ во својата реакција наведува дека никогаш официјално не се изјасниле како компанија за претрпената штета од набавките на мазут, кои според првичната пријава на МВР биле незаконски спроведени без почитување на динамиката на испораката. Двајцата претставници биле испратени за техничко објаснување на процесот, а не како финансиски претставници за да се изјаснат за штета и одговарале на прашања и на одбраната кои го поставиле тоа прашање за штета. ЕСМ не го добила ниту економското вештачење со кое било утврдено дека нема штета. Обвинителката Коларевиќ пак рече на брифинг за Телма дека записниците со сведочењата биле доставени до ЕСМ, а немало реагирање од компанијата пред да биде соопштено дека е запрена истрагата.
Од друга страна, шок за запирањето на истрагата јавно изрази и првиот полицаец од чиј ресор, МВР излезе кривичната пријава лани во март.
„Res judicata, пресудена работа во овој дел на истражна постапка, правото не познава. Да видиме како ќе се процесуираат сите останати чекори во иднина и да видиме како ќе се однесуваат сите поврзани институции во рамки на овој процес, многу значаен процес за правото и правдата во Македонија. Лично сум шокиран од одлуката која што беше донесена од страна на обвинителството, коешто пред година дена даваше напатствија, даваше наредби, прифати кривична пријава, побара мерки за обезбедување присуство – најстроги согласно одредбите на Законот за кривична постапка, дел од осомничените беа и во притвор, и така натаму, и така натаму“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени. Со пријавата тие беа осомничени дека правеле злоупотреби со јавните повици за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во енергетскјата криза од крајот на 2021-ва до средината на 2023-та година и дека испораките на мазут не биле согласно договорот. Обвинителството го затвори случајот тврдејќи дека не обезбедило доволно докази.
Миомир Серафиновиќ
