Заврши спасувачката акција во Киев во Дарницкиот реон, по масовен воздушен напад извршен од страна на Русија. Украинските власти соопштија дека станува збор за еден од најинтензивните напади од почетокот на војната, при што биле користени стотици дронови и ракети.
Според градоначалникот Виталиј Кличко, потврдени се 24 загинати лица, меѓу кои и три деца, додека 48 лица се повредени. Спасувачките екипи расчистиле илјадници кубни метри урнатини, а дел од граѓаните добиле и психолошка помош на самото место.
Во градот е прогласен Ден на жалост, со спуштени знамиња на половина копје и забрана за јавни забавни настани. Паралелно, властите во Украина најавија продолжување на итните активности за санирање на штетите и помош за погодените семејства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала над 1.500 дронови и 56 ракети кон територијата на Украина.
