Вести Македонија Најважни

Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени и имал уште два обиди за убиство

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане,  утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата  утврдила дека две од нив се негови жртви.

Убиецот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Обвинението се очекува да биде подигнато за еден месец.

Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада.

Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Осомничениот има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане)

Како серискиот убиец од кумановско бил невидлив за полицијата?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе