Денеска во 18:00 часот македонската ракометна репрезентација повторно е пред голем предизвик – го игра првиот бараж натпревар за пласман на Светско првенство. Во Прешов и Скопје ќе се решава дали Македонија ќе продолжи да биде редовен учесник на европските и светски ракометни сцени. Но, двомечот со Словачка носи и многу подлабоко прашање. Дали новата генерација предводена од легендата Кирил Лазаров е подготвена да ја продолжи традицијата што со години ја градеа нашите ракометни асови? Дали младите ракометари се подготвени да го понесат товарот на очекувањата и повторно да ја радуваат македонската публика на големите натпреварувања?
АНКЕТА: Дали Македонија ќе избори пласман на Светското ракометно првенство 2027 во Германија? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
