Вести Економија Свет

Порасна цената на нафтата, откако Трамп го одби одговорот на Иран

Порасна цената на нафтата, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот на Иран за прекин на војната е целосно неприфатлив.

Фјучерсите на суровата нафта Брент скокнаат за 4 % на 105,2 долари за барел а американската WTI поскапи за 4,5% на 99,8 долари за барел.

Трамп го отфрли најновиот одговор на Иран на неговиот предлог насочен кон прекин на 10-неделниот конфликт, оставајќи го Ормускиот теснец ефикасно затворен.

Во објава на Truth Social, тој го нарече одговорот на Техеран „ЦЕЛАСНО НЕПРИФАТЛИВ“, поради извештаите дека Иран предложил префрлање на дел од своите залихи на високо збогатен ураниум во трета земја, додека одбива да ја демонтира својата нуклеарна инфраструктура.

Трамп: Иранската понуда за мир е целосно неприфатлива

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе