Вести Македонија

По првата пресуда и 2000 евра поткуп, денеска одложено судењето за случајот „ИПАРД“

Одложено е судењето за случајот ИПАРД. Според информациите до медиумите расправата се одложува  поради оправдано отсуство на судијата кој постапува по предметот.

Воедно, отповикани се наредбите за спровод на обвинетите од притвор, со цел одлагањето да не предизвика дополнителни финансиски последици.

На минатаото рочиште десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, советничка на министерот за земјоделство, обвинета дека земала мито за злоупотреби со пари од ИПАРД фондовите. Таа призна дека добила 2.000 евра од сопственик на фирма која не ги исполнувала условите, но требало да биде рангирана за европска помош.

Обвинителството тврдеше, а таа призна дека ѝ биле ветени 20.000 евра, за да влијае врз директорот на агенцијата која одлучува за парите за земјоделците. Судијката во изрекувањето на пресудата рече дека таа се обидела да воведе паралелен начин за распределба на парите.

Се обидела да воведе паралелен начин за распределба на пари од ИПАРД фондовите – 10 месеци затвор за Костадинова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе