По хулиганскиот упад во најголемото штипското основно училиште „Ванчо Прке“ во Штип, каде што беа уништени надгледни средства, смарт табли, комјутери и имало обид да се поплави еден од катовите на училиштето, Општината најави дека освен видео надзор низ училиштата ќе се постават и алармни системи. Ќе се ангажираат агенции за обезебедување и ќе има дополнителни патроли.
„Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се превенира и полесно да се идентификува и лоцира проблемот потребно е да бидат лоцирани алармни системи кои ќе сигнализираат и ќе овозможат во иднина да се спречи девијантна појава како што имавме во ООУ „Ванчо Прке”“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.
Општина Штип ќе инвестира и во 190 безбедносни камери кои ќе бидат поставени низ центарот, парковите, пред институциите, со цел да се идентификуваат вандалите кои, пред сè, во ноќните часови ја уништуваат урбаната опрема, канделабри, клупи, жардињери.
Покрај тоа што Штип ќе има „Сејф сити“, од локалната самоуправа велат дека ќе се работи на подигнување на свеста кај малолетниците за да се зачува општественото добро и она што се инвестира за поубав град. На ова ќе работат стручните служби, психолози, кои на учениците ќе им укажуваат дека такви девијатни однесувања ќе им влијаат во нивниот живот, како и на животот на нивните блиски, изложувајќи ги на линч, осуда.
Викторија Јованова
