Расте интересот за купување возила на лизинг, особено од страна на корпоративниот сектор. Токму фирмите се главните корисници на лизинг продуктите, додека граѓаните учествуваат само со околу 15 отсто од вкупниот број возила купени на тој начин.
Профитот на лизинг компаниите лани надмина три милиони евра. Но, растот на оваа индустрија не е доволен за да се подмлади возниот парк во земјава, туку потребна е сеопфатна национална стратегија со конкретни мерки и олеснувања за да се стимулира купување на што помалку користени возила.
Статистиката покажува дека возилата во македонија во просек се стари повеќе од 19 години.
Новото издание на „Бизнис објектив“ е вечерва во 20:10 часот на ТВ Телма.
