Автобус кој превезувал деца на екскурзија неколкупати останувал во дефект за време на патувањето, по што интервенирала полицијата и испратен е на вонреден технички преглед,
Случајот во полиција го пријавил родител, чие дете се наоѓало во автобусот. По пријавата полициски службеници од СВР Велес го запреле автобусот на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје.
Децата со друг автобус безбедно се вратени одма, соопштија од полицијата.
„По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес – Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „Сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ. (43) од Скопје“, известија од полиција.
Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност, а децата со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.
По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
