Вести Спорт Топ вести

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Шестата тенисерка на светот и ланска финалистка, Аманда Анисимова од САД ќе биде ривалка на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон. Ова е епилог по денешната ждрепка за главниот турнир на лондонскиот грендслем.

Анисимова во финалето лани загуби од Полјачката Ига Свјотек, а играше и финале и на Ју-Ес опен, каде, исто така, беше поразена од Арина Сабаленка. Анисимова во кариерата има четири ВТА титули.

Ѓорческа, пак, до дебитантскиот настап на грендслем турнир се проби низ три квалификациски рунди на лондонската трева. Во првото коло ја елиминира Шпанката Анхела Фита Болуда со 6:2, 6:4, во второ, со пресврт, ја совлада Франсиска Жорге од Португалија со 5:7, 6:2, 6:1, а во третото беше убедлива  над Италијанката Лусија Бронзети со 6:1, 6:2.

С.Д.

Фото: mtftennis.mk

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе