Вести Македонија Топ вести

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за деструктивност, недостаток на инклузивност и фокусираност единствено на теснопартиски и лични интереси наместо на ветената реформска агенда.

Филипче појасни дека одлуката на СДСМ да не го попречува гласањето на Изборниот законик, и покрај напуштањето на работната група, е принципиелен став против начинот на кој власта ги наметнува законските измени.

  • „Ние се повлековме од принципиелни причини. Ако им беше битна инклузивноста и тоа законот да се донесе со консензус, како што се носел секогаш досега, зошто на своја рака го сменија Законот за влада?“ – праша Филипче.

Тој направи споредба со 2018 година, посочувајќи дека тогашната власт предводена од СДСМ покажала многу поголем демократски капацитет.

  • „Тогаш Зоран Заев му даде на Христијан Мицкоски сè што сакаше, целосно почитувајќи ја неговата улога како опозиција. Зошто сега тие се однесуваат толку агресивно?“

Претседателот на СДСМ изрази сериозна загриженост во врска со најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година, оценувајќи го тоа како потенцијален извор на изборни манипулации.

  • „Каква манипулација ќе биде тоа? На што сè се подготвени овие луѓе за да го контролираат системот? Воопшто не им е битна реформската агенда, ниту парите од неа – тие сакаат само контрола,“ дециден е Филипче.

Филипче со потсмев ја коментираше најавената ротација на министри и реконструкција на владиниот кабинет, нарекувајќи ја чиста козметика која нема да донесе никаков бенефит за граѓаните.

  • „Тоа е ‘нула во нула’, ништо повеќе. Козметичка промена. Кој сектор, која група граѓани почувствува бенефит од оваа влада досега? Буквално ниту еден,“ изјави лидерот на опозицијата.

Според него, единствениот мотив зад ваквите политички маневри се личните интереси на функционерите.

  • „Што може да се очекува од ротација на луѓе и ресори, освен да се остваруваат нивните лични финансиски интереси? Буквално ништо.“

На крајот од разговорот, Филипче истакна дека партијата е фокусирана на градење нов концепт кој треба да ја врати довербата кај граѓаните, свесен дека патот е тежок, но неопходен за иднината на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе