Вести Македонија Топ вести

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија, пришто е причинета материјална штета, информираат од СВР Велес.

„Утрово во осум часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета“, велат од СВР Велес.

По извршениот увид, сообраќајот на тој дел од автопатот е нормализиран.

Фото: mia.mk

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе