Членови на Синдикатот и вработени во Градски Трговски Центар АД Скопје протестираа пред управната зграда.
Тие се незадоволни зашто не добиле усогласување на платите согласно на минималната плата.
„Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај зголемување на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети“, велат вработените.
Според нив ова директно влијае врз нивниот животен стандард и економска сигурност.
Барањето за усогласување на платите го потпишаа повеќе од 110 вработени.
Вработените бараат усогласување на нивните плати за минимални 1.600 денари, а раководството одбива да го прифати барањето и покрај тоа што најголем дел од вработените се на минимална или блиску до минималната плата.
