Вести Македонија Најважни

По заканите по живот, основното училиште „Стив Наумов“ во Битола под полициски мониторинг

По заканите што седмоодделенец од Битола преку социјалните мрежи ги упати кон соученици и нивни родители, во ОУ „Стив Наумов“ се засилуваат безбедносните мерки. Училиштето побарало полициски мониторинг, а случајот го проверуваат и обвинителството и Центарот за социјални работи.

Полицајци во цивил за време на наставата ќе го обезбедуваат ОУ „Стив Наумов“ во Битола, откако седмоодделенец преку социјалните мрежи упатил закани по живот до свои соученици и нивните родители. Ова е еден од заклучоците на вонредната седница што синоќа ја одржа Училишниот одбор на училиштето.

  • „Училиштето веќе ги презеде сите потребни чекори и навремено ги извести сите надлежни органи кои понатаму треба да го следат и решаваат случајот. Од страна на училиштето, до СВР Битола е побаран мониторинг и заштита, а одобрена е поддршка од полиција со постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес“, соопшти Училишниот одбор на ОУ „Стив Наумов“ – Битола.

Случајот е пријавен и во Основното јавно обвинителство, од каде информираат дека се вршат проверки во координација со Центарот за социјални работи во Битола, бидејќи станува збор за дете кое е под возраста за кривична одговорност.

Директорот на училиштето, Никола Пискачев, вели дека меѓу учениците извесен период постоела нетрпеливост, но до вчера немало инциденти во училиштето.

  • Во текот на учебната година ученикот беше префрлен во друго одделение на барање на родителите. Ние тоа го направивме, но по извесно време настана нетрпеливост, со поплаки дека детето не е прифатено и не се дружи со другите ученици. Сепак, за време на наставата не беа забележани никакви испади, вели Никола Пискачев, директор на ОУ „Стив Наумов“ – Битола. 

Пискачев додава дека сите заканувачки пораки до учениците и родителите се пријавени кај надлежните институции и уверува дека се преземени сите мерки за заштита и безбедност во училиштето.

  • Преземени се сите мерки што ни стојат на располагање. Случајот, заедно со сите материјали што ги имавме, е пријавен во МВР и Центарот за социјални работи и надлежните веќе постапуваат, вели Пискачев.

Од институциите денеска без официјални детали. Од Центарот за социјални работи за Телма потврдија дека постапуваат по случајот,  но  во овој момент не можат  јавно да зборуваат.  Министерството за труд и социјална политика не одговори на прашањата на Телма.

Емилија Мисириевски 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе