МЕПСО ја оспори одлуката на предарбитражниот одбор за спорови кое неодамна одлучи дека босанската компанијата Енергоинвест има право да бара 6 милиони евра поради тоа што македонскиот преносен систем го раскинa договорот со нив за енергетското поврзување со Албанија. Директорот Љатифи е убеден дека ќе ја добијат правната битка.
Ние сме цврто убедени дека овој процес ќе заврши во интерес на МЕПСО и државата. Побаравме мислење од две реномирани адвокатски КОМПАНИИ кои се изјаснија дека одлуката на одборот за спорови е еднострана и непрофесионална, соопштија на брифинг ОД МЕПСО.
На денешниот брифинг со новинарите на коj присуствуваше целиот управен одбор на компанијата, се соопшти дека одлуката за раскинување на договорот со Енергоинвест ја донеле по направената ревизија на процесот, која покажала дека е незаконски да се потпише анекс од 7, 7 милиони евра, пари кои дополнително ги побарале од босанската компанија. Тврдат дека и да им ги дале овие средства, немало гаранција дека ќе се завршат работата, затоа што нивни подизведувачи биле охридско – струшки фирми кои немале искуство во енергетика, посочувајќи дека една од фирмите била на Нефи Усеини од ДУИ.
Енергоинвест реализирале само 4 проценти од договореното и за тоа добил над 5 милиони евра. Договорот со нив беше раскинат на крајот на 2024 година со образложение дека компанијата неколку пати го напуштила градилиштето барајќи дополнително зголемување на цената заради поскапување на градежните материјали. Ова било одбиено од МЕПСО, преговорите не успеале, по што преносниот систем го раскинал договорот.
Договорот со ЕНЕРГОИНВЕСТ не предвидува промена на цена. Напуштањето на градилиштето или престанокот со градежни работи ,јасно изречената намена да не се продолжи со извршување на обврските е основ за раскинување на договорот од страна на МЕПСО, велат од компанијата
Раскинатиот договор со Енергоинвест и можноста да бара оштета од МЕПСО, деновиве стана тема за критики и на опизицијата.
Од МЕПСО пак тврдат и дека поради немањето конекција со Албанија државата губи милиони.
Пред арбитражниот суд македонскиот преносен систем ќе настапи со барање од над 19 милиони евра оштета.
Енергетското поврзување со Албанија сега треба да го реализира Хрватскиот конзорциум Далекувод, со кој е потпишан договор од 19, 3 милиони евра со рок на реализација од 30 месеци.
Минатиот месец со камен темелник беше означен стартот на изградбата, но работите на терен ќе почнат откако ќе заврши примопредавањето на опремата од ЕНЕРГОИНВЕСТ.
Ова енергетско поврзување почна уште во 2020 тата година.
Ирена Чачкова
Б.С.
