Галеријата Медуза во Копер беше местото каде што се одржа перформанс со наслов „Overscroll“ од авторот Марко Младеновиќ, студент на Одделот за визуелни уметности и дизајн на Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет (UP PEF VUO), под менторство на проф. Немања Цвијановиќ.

Перформансот е поврзан со најголемиот проблем на 21 век, зависноста од социјалните мрежи и мобилните телефони.

Пренатрупаноста со непотребни информации што ја блокираат нашата способност за размислување и расудување води до болести на модерното време, како што се депресија, анксиозност, отуѓеност и дехуманизација, а уметникот симолично го претставува овој процес преку извлекување на тоалетна хартија, за на крај да биде целосно затрупан.

Бидејќи сите сме принудени да имаме мобилни телефони, овој проблем станува проблем за сите нас, па целиот свет го има истиот проблем.

Спонзор на перформансот, кој таеше повеќе од чест часа, е компанијата Палома.
Фото: А.А.
