Фондот за здравствено осигурување најавува сериозни реформи – контрола на злоупотребите на боледувањата и можност за продолжување на породилното отсуство на 12 месеци. Но, дали системот е подготвен за ваков чекор и кој ќе ја плати цената? И додека се најавуваат нови правила и дигитализација, во реалноста сè по старо – системот сè уште работи рачно, а исплатите доцнат. Во 21 век, надоместоците се обработуваат поединечно, со процедури што создаваат застој и незадоволство.
Останува дилемата: вистински реформи или добро темпирани најави?
АНКЕТА: Дали строгите контроли и најавената дигитализација ќе донесат:
а) Ред во системот или
б) Ново ветување?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
