Вести Македонија Топ вести

Екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст од штипскиот затвор

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден за случајот „27 април“, денеска е пуштен на условен отпуст, потврди директорот на затворот во Штип, Дејан Здравков.

Чавков од штипскиот затвор, каде ја извршуваше казната, излегол денеска околу 10 часот.

Од скопскиот Кривичен суд за Телма потврдија дека условниот отпуст му е од денеска.Согласно законот осуденик на условно може да биде пуштен откако ќе издржи половина од казната или една третина, но под одредени околности. Од штипскиот Затвор на условно изминатиот период се пуштени поголем дел од осудените за настаните за 27 април во 2017 година. Но, во затворот остануваат уште неколку осуденици, кои се поврзани со физичкиот напад на Зијадин Села, кој тогаш беше пратеник.

Чавков првично беше осуден на казна затвор од 18 години за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Но, подоцна на 16-те осудени во овој случај им беше намалена казната од 7 до 16 години.Токму на Чавков му беше изречена највисоката казна од 16 години затвор, поради тоа што тогаш имал „златна команда“ за протестите пред Собранието.Чавков, но и останатите осудени лица за „27 април“ бараат повторно судење, процесот го оценуваат како „политичка монтировка“. Екс министерот за внатрешни работи  во текот на издржувањето на затворската казна се соочуваше со здравствени проблеми и поради тоа казната му беше прекинувана. Инаки за настаните на 27 април пред девет години првично беа обвинети 33 лица, кои беа обвинети за делото терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив, 15 беа амнестирани со закон во Собранието, додека за едно лице се водеше одвоена постапка.

Премиерот, Христијан Мицкоски пред неколку дена  изјави дека случајот „27 април“ бил политички монтиран од претходната власт и дека, според него, невини луѓе биле прогласени за терористи.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе