Топлотните бранови предизвикуваат бројни проблеми во Европа. Од Велика Британија и Франција до Италија се бележат рекордни температури, а метеоролозите предупредуваат дека пикот допрва следува.
Франција се соочува со брутални температури. Оваа недела во земјата е регистрирана втората најтопла ноќ во историјата. Температурата во Париз не падна под 25,5 степени целзиусови. Поради топлотниот бран е прогласен црвен аларм во 58 од 96 копнени региони.
Околу 60.000 домаќинства останаа без електрична енергија во регионот Финистер во Бретања поради дефект на трансформатор. Властите, пак, порачаа дека приоритет во поправките се болниците и домовите за стари лица.
Расте и бројот на смртни случаи и од 18 јуни се евидентирани 42 смртни случаја меѓу кои и шестгодишно дете.
Голем број на училишта низ Франција и Велика Британија се затворени, во Холандија, пак, е воведена скратена настава. Ајфеловата кула и музејот Лувр воведоа скратено работно време. Во Велика Британија, во Белгија и во Франција се издадени предупредувања за можни нарушувања во железничкиот сообраќај поради стравувања дека високите температури би можеле да ја оштетат инфраструктурата и да ги искриват шините.
Италијанското Министерствот за здравство издаде црвен аларм за 16 градови меѓу кои Рим, Милано и Фиренца што е претставува предупредување и за здравите лица.
