Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ја „прежибвеа“ и третата интерпелација во собранието.
На седницата која сè уште е во тек, доверба на Тошковски му изгласаа 58 пратеници, додека за негова смена гласаа 19.
Интерпелацијата за Тошковски ја поднесе Левица за, како што наведоа, „селективно постапување, непрофесионално работење и политичко влијание во МВР“.
Лидерот на партијата Димитар Апасиев оцени дека Тошковски, кој повеќе од две години е на чело на министерството за внатрешни работи, наместо да воведе ред во институцијата, ја претворил во „фамилијарна тезга“ во која роднини и блиски лица добивале унапредувања и привилегии. Го обвини министерот и за толерирање на корупцијата и криминалот во полициските редови, посочувајќи дека во последните години стотици полицајци биле предмет на кривични постапки.
Тошковски ги отфрли обвинувањата и тврди дека станува збор за политички мотивиран обид да се попречи борбата против криминалот и корупцијата.
С.Д.
