Македонија по клучните трансферзали се соочува со една релативно статична ситуација, иако во главните национални или националистички линии, премиерот е доследен и владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ посветена на две години од промената на власта во земјава.
„Тие го игнорираат Преспанскиот договор, како што рекоа дека ќе го игнорираат“, истакна Арсовски.
Според него, популизмот како политичка категорија го гледаме само еден негов дел, а тоа, како што вели, е „удоволувањето на граѓаните како што вели премиерот“.
„Тој најмногу се плаши да не ги разочара граѓаните, но тој и друга, своја академска ако ја истажувате, страна, а тоа е популизмот зависи од проекција на измислен непријател. Значи, идеологија на популизмот секогаш е „ние и граѓаните заедно против некој замислен непријател“. Знаете како на Балканот, бирајте непријатели. Сакате Грција, сакате Бугарија, сакате претходната влада, сакате Албанците… Тука има повеќенаменски. Сите тие работи кога ќе се соберат заедно, ние имаме една релативно статична ситуација, со многу дневни настани, а всушност многу малку напред“, коментира Арсовски.
Арсовски смета дека не е завршена приказната околу антагонизмот кон ДУИ и Албанците и антагонизмот кон претходната влада како контрапункт на сегашната ситуација.
С.Д.
