Вести Свет

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од „Северен тек“, но ништо освен руски гас не може да се пумпа низ него

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека САД сакаат да го купат европскиот дел од „Северен тек“ за да го препродаваат рускиот гас.

„Американците во моментов преговараат или барем ни кажаа дека ова е нивниот план да го купат европскиот дел од „Северен тек“. Да го обноват и да ја преземат контролата. Но, ништо освен нашиот гас не може да се пумпа низ гасоводот“, рече Лавров, говорејќи на 12-от Меѓународен научен и експертски форум „Примаковови читања“, пренесуваат руските медиуми.

Тој заклучи дека Русија ќе го пумпа гасот и дека тие, како што претпоставува, ќе го препродадат со голема маржа.

Експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ се случија на 26 септември 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Шефот на нуклеарната агенција на ОН вели дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни локации како дел од договорот за завршување на војната.

Igor Trajkov

Арсовски: Македонија е во релативно статична ситуција по две години од промена на власта, премиерот и владата го игнорираат Преспанскиот договор како што и рекоа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе