Вести Култура Топ вести

Со премиерата  на „Мачкина глава“ започнува чествувањето 80 години јубилеј на Драмски театар

Со премиерната изведба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски и којашто е воедно 461 премиера на сцената на Драмски театар започнува чествувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје. Ова е огромен јубилеј не само за нашата институција, туку за македонската култура воопшто, вели директорот Вељановски. 

Драмскиот театар е најрелевантната македонска театарска куќа, со освоени награди и признанија, имајќи предвид дека не само во Македонија, туку на ниво на поранешна Југославија ги освои речиси сите значајни награди, вклучувајќи ги одликувањата од двајца претседатели: во 1976-та  од Јосип Броз Тито и во 2016- та од Ѓорѓе Иванов.

  • На денешен ден пред 80 години на сцената на тогашниот Македонски народен театар, по формирањето на куклената сцена е одржана премиерата на претставата „Силјан Штркот“ работена по мотиви на Марко Цепенков, а во режија на Петре Прличко. Ова е датумот и ова е претставата од којашто денешната установа НУ Драмски театар Скопје ги влече своите почетоци и денеска е 80 годишен јубилеј на Драмскиот театар Скопје- Роберт Вељановски, директор на НУ Драмски театар Скопје.

Со  премиерата на претставата „Мачкина глава“ според текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски започнува чествувањето на големиот јубилеј на Драмски театар Скопје. Мојата „Мачкина глава“ е всушност еден крик за светот во кој живееме, свет кој страда од шизофренија и во кој војните се враќаат, вели Андоновски.

  • Ми се чини дека планетата се претвора полека во една таква мачкина глава која апсолутно нема свој јазик, а кога нешто нема свој јазик станува безсловесно. Се обидов врз основа на нашиот голем гениј и претходник Горан Стефановски да се прашам кога сега Горан би го пишувал „Диво месо“ дали воопшто тоа би било можно. Ги задржав основните драмски конфликти, направив една постмодерна рециклажа, но овде има и многу индивидуални содржини, затоа што светот многу се измени- Венко Андоновски, автор на драмскиот текст.

И кога човек ќе ги прочита делата на големите автори: Достоевски, Толстој, Шекспир, делата на Петре М. Андревски, класиците во музиката и сликарството, човек се прашува дали е ова истата цивилизација која што најдобро и најлесно произведува војни, вели режисерот Пројковски.

  • Да се запрашаме сите зошто и како човештвото се претвори во најголемата фабрика за производство на детски солзи. Вечната борба меѓу Истокот и Западот и постојаната наша борба да завземеме страна, всушност заборавајќи дека можеби само го избираме џелатот- Дејан Пројковски, режисер.

Денес живееме во свет, додава Пројковски, кој едно проповеда (митот за светското братство), додека друго прави, а тоа е идејата за светско братоубиство, колективни Каин и Авел во невидени размери.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе