Вести Свет Топ вести

„На ваша услуга, Ви стојам на располагање“ – „Блумберг“ објави транскрипт од телефонски разговор на Орбан со Путин

„Ти стојам на располагање да помогнам на кој било начин“, стои во дел од транскриптот од телефонски разговор на унгарскиот премиер Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин што се одржал на 17 октомври лани, објави „Блумберг њуз“ кој имаше увид во материјалите, пренесува „Ројтерс“. Орбан притоа се понудил да организира Самит во Будимпешта за решавање на војната во Украина.

Објавената содржина од транскриптот доаѓа на неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија на кои Орбан би можел да се соочи со пораз. На такво нешто барем упатуваат анкетите во предизборите.

Орбан одржува блиски односи со Путин и покрај војната во Украина која во голема мера е зависна од руска нафта и гас. Повикувајќи се на спорот со Киев околу неоперативниот нафтовод „Дружба“, Орбан го блокираше заемот на Европската унија за Украина во износ од 90 милијарди евра кој беше договорен уште во декември.

„Но вчера нашето пријателство се искачи на толку високо ниво што можам да помогнам на кој било начин. Има приказна во нашите унгарски сликовници каде што глушец му помага на лав“, му вели тој на Путин според транскриптот. „Подготвен сум веднаш да помогнам… во секое прашање каде што можам да помогнам, ви стојам на располагање.“

Путин му одговара на Орбан дека високо ги цени нивните односи и вели дека Будимпешта би била она што го опиша како „можеби единствената европска земја што е прифатливо место“ за евентуална средба со Трамп.

Унгарија во тоа време изјави дека ќе обезбеди Путин, кој се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд, од кој владата на Орбан е во процес на напуштање, да може да влезе во земјата за Самит со претседателот на САД.

Венс му доаѓа на помош на Орбан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе