Унгарсиот премиер Виктор Орбан свика вонредна седница на Советот за одбрана откако во Србија беа пронајдени експлозиви во близина на клучната гасна инфраструктура што ги поврзува двете земји.
Тој информираше дека веќе разговарал со српските власти и дека истрагата е во тек.
Според српскиот претседател Александар Вучиќ, биле пронајдени експлозивни направи со голема разорна моќ, како и средства за нивно активирање.
Надлежните служби работат на утврдување на околностите и можната закана за енергетската безбедност во регионот.
Случајот отвора сериозни безбедносни прашања за стабилноста на критичната инфраструктура меѓу Србија и Унгарија, додека двете земји најавуваат понатамошна координација и размена на информации во текот на истрагата.
Голема полициско-воена акција кај Кањижа поради сомнителни предмети
