Вести Најважни Свет

Американски пилот спасен од Иран – драма на небото над Иран

Американскиот воен пилот по кого се трагаше во југозападен Иран е спасен откако иранските сили претходно го соборија неговото летало. Претседателот Доналд Трамп потврди дека спасувачката операција била масовна и вклучувала десетици воени авиони, стотици војници и тајни акции на ЦИА.

Иран, меѓутоа, тврди дека за време на американската спасувачка мисија соборил американски транспортни авиони и два хеликоптери. Потполковникот Ебрахим Золфагари од заедничката воена команда на Иран изјави дека американската операција во која е спасен војник зад непријателските линии завршила со „целосен неуспех.

– Таканаречената спасувачка операција на американската армија, која беше планирана во форма на измама и операција за брзо бегство под изговор за спасување на пилотот на нивниот соборен авион на напуштен аеродром во јужниот дел на Исфахан, заврши со целосен неуспех поради навременото присуство на вооружените сили на Исламската Република Иран, порача Ебрахим Золфагари, портпарол на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија.

Пентагон објасни дека неколку авиони биле уништени поради технички проблеми, а спасувачката мисија сепак била успешно завршена.

– Им честитам на нашите американски партнери за безбедното спасување на американскиот екипаж – ова е уште еден израз на тесната соработка меѓу Израел и САД, дури и во најсложените моменти, порача Израел Кац, министер за одбрана на Израел.

Конфликтот во Блискиот Исток продолжува да ја загрозува стабилноста во регионот. Израел продолжува со напади во Бејрут, додека Ормутскиот теснец и транспортните патишта се затворени, создавајќи глобална криза со енергијата и хуманитарните испораки. Организациите за помош предупредуваат дека војната го влошува снабдувањето со храна и лекови за милиони луѓе.

– Војната не само што влијаеше врз снабдувањето со превоз, го помести пазарот на енергија и ги зголеми цените на горивото, туку влијае и врз хуманитарниот синџир на снабдување. Групите велат дека рутите што порано ги користеле, а биле пократки и поевтини, сега се затворени, како што е преминот низ Ормутскиот теснец. И тие бараат алтернативни начини за испорака на стоки до луѓето, вели Сем Медник, Асошиејтед Прес.

Ова е предупредување за продолжување на тензиите и ризиците во регионот. САД го засилуваат присуството на војската, а светската заедница ја следи ситуацијата со загриженост. Во Тел Авив, пак, стотици граѓани протестираа против војната, но полицијата ги растера демонстрантите и уапси најмалку десет лица.

– Луѓето во Израел бараат војната да заврши. Сè повеќе луѓе се спротивставуваат на тоа. Близу 40% од луѓето во Израел сакаат војната да заврши веднаш. Како што продолжуваат протестите, ова ќе се претвори во мнозинство, мнозинство кое Нетанјаху ќе мора да го послуша, како што мнозинството Израелци го натераа Нетанјаху да се вмеша во војната во Газа, изјави Ури Велтман, демонстрант.

Меѓувреме Оман и Иран се сретнаа на ниво на заменик-министри за надворешни работи за да разговараат за можностите за обезбедување непречен транзит на бродови низ Ормутскиот теснец, соопшти на „Х“ Министерството за надворешни работи на Оман.

Разговорите се одржаа откако ирански функционер во четвртокот изјави дека Иран подготвува протокол со Оман за следење на сообраќајот во теснецот, низ кој минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе