Вести Свет Топ вести

Потрага по исчезнат американски војник по соборен авион во Иран

Американските и иранските сили трагаат по исчезнат член на екипажот на американски борбен авион „F-15E“, кој беше соборен во јужен Иран. Според извештаите, пилотот е спасен, додека офицерот за вооружување сè уште се води како исчезнат, а неговата судбина останува непозната.

Иранските власти соопштија дека нивните безбедносни сили активно ја пребаруваат областа и дури нудат награди за пронаоѓање на американскиот војник „жив“.

Меѓувреме, медиумите јавуваат дека за време на спасувачка мисија бил нападнат и друг американски авион A-10, чиј пилот успеал да се катапултира и е безбедно спасен.

Паралелно со овие случувања, тензиите во регионот продолжуваат да растат. Израел соопшти дека извел нови напади врз клучна инфраструктура во Техеран, додека во израелскиот град Бнеи Брак едно лице е повредено по пресретнување на иранска ракета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Денови на инклузивна култура и уметност во трговскиот центар „Рамстор“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе