Вести Македонија Топ вести

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години, покажуваат податоците од Евростат.  Највисок  животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот регион во Бугарија со 73,9 години.

Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години.  Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година, стои во податоците на Евростат.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Северна Македонија за 2024 година, додека според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години.

Меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 се во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североизточен (75,4 години). Другите 2 беа Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓароржаг во Унгарија (75,1 години).

Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање за жените во ЕУ достигна 84,1 години (зголемување за 0,1 година во споредба со 2023 година), додека за мажите беше 78,9 години (+0,2 години).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе