Вести Култура

Ново „ Фино кино“ во Скопје

Во новиот простор на приватниот културен центар „Лабораториум“, што се наоѓа во зградата на ССМ во Скопје, од утре (20 март) официјално ќе започне со работа филмското катче „ Фино кино“. Стартот е во 19 часот со проекција на филмот „ Нов бран“ на режисерот Ричард Линклејтер. Истата вечер од 21 часот ќе се одржи проекција на филмот „ Млади мајки“ во режија на браќата Дарден. Филмот беше награден на Канскиот филмски фестивал за најдобро сценарио.

  • Нашата идеја е создавање на непретенциозно „џепно“ артхаус кино и нова културна платформа со внимателно курирана програма – иницијатива за која се надеваме дека ќе се претвори во жива неформална заедница, со филмската уметност во својот фокус. Интимниот простор на „Фино кино“ има соодветно и стандардизирано платно за филмски проекции (silver screen), а опремено е и со висококвалитетен 5.1 аудио сараунд-систем, велат од културниот центар „ Лабораториум“.

Филмот „Нов бран“ ќе биде прикажан и на 22 март од 20 часот. На програмата е и анимираниот филм „Арко“, кој имаше номинација за Оскар. Тој ќе биде прикажан на 21 март од 12 часот и  на 22 март од 18 часот.

Од „ Лабораториум“ најавуваат по  најмалку четири филмски проекции неделно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Мицкоски очекува да се покачат цените на горивата – дизелот да поскапе од 2 до 2,5 денари за литар, а бензините 1 денар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе