Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје.
Тој нагласи дека преговорите со Техеран се во тек, но оти иранската страна „сè уште не ги кажала магичните зборови“ што Вашингтон сака да ги слушне – јасна изјава дека нема да произведува нуклеарно оружје.
Меѓувреме, САД го зголемуваат своето воено присуство на Блискиот Исток, градејќи најголема поморска сила во регионот во последните децении.
Од иранска страна, пак, тврдат дека нивната нуклеарна програма има исклучиво мирољубива цел… Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, порача дека земјата не е во состојба да развие нуклеарно оружје, повторувајќи ја официјалната позиција на Техеран дека нивните активности се насочени кон цивилни цели.
