Македонија треба активно да ја следи можната понуда од Брисел за Украина, изјавија вечерва во Топ Тема надворешно-политичкиот коментатор Мирче Адамчевски и поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, коменирајќи ги најавите за можен пакет на проширување без право на глас или делумно членство, односно сценариото за членка без право на глас, друго е она што се заговара како делумно членство, пристап до пазарот, а се друго понатаму.
- Еве тука да се изјаснам веднаш. Доколку оваа варијанта, било првата, било втората или било која што ќе се стави на маса (првата е потешка бидејќи треба да се менуваат актите на Унијата) вклучува целосен влез на Македонија во единствениот пазар, рече Ивица Боцевски, поранешен амбасадор во вечерашната Топ Тема.
Тој смета дека ние не само што тоа треба да го прифатиме, туку треба да станеме предводници на целата таа работа. Од една едноставна причина – влеземе ли ние во единствениот пазар, исцрпена е европската интеграција, завршена е. Неповратен е понатаму процесот. Дали ќе имаме еден комесар и седум европратеници, дали сега ќе ги имаме или после пет години, тотално е незначајно.
На прашањето дали ќе имаме право на вето или нема да имаме право на вето, Бицевски рече дека тоа пак воопшто не важно.
- Дали ќе имаме или ќе немаме право на вето. Нашиот национален интерес во моментов е многу едноставен: влез во единствениот пазар. Ако тоа е на масата, мора да ја зграпчиме оваа работа и да станеме предводници. Не случајно премиерот Рама и претседателот Вучиќ дадоа изјави каде што кажаа „не ни треба вето“. Дури Рама отиде неколку чекори понатаму каде што кажа „еве го италијанскиот комесар нас ќе не претставува“. Зошто го кажуваат тие тоа? Тие го кажуваат тоа затоа што политиката се одвива и зад затворени врати, меѓутоа политиката главно се одвива во јавност и преговарањето. Ако нешто вакво се стави на маса, ти со изјавата кажуваш дека го прифаќаш. Еди Рама со таа изјава вели „ова за мене е прифатливо“. Вучиќ вели „ова за мене е прифатливо“. И ние треба да кажеме дека ова за нас е прифатливо.
На прашањето дека дека ние имаме една непозната и не знаеме дали таа ќе биде поврзана со уставните измени или без нив, односно едното сценарио бара, другото не бара, Боцевски истакна дека дали и како и тука се варијантите околу тие уставни измени.
- Дали и како значи, уставен амандман со одложена примена. Уставен амандман којшто ќе подразбере дека се активира уставниот амандман во моментот кога Македонија ќе има еднакво полноправно членство во Европската Унија какво што има Бугарија, е различно отколку безусловното, рече Боцевски и додаде ние треба да се бориме за таа работа.
- Ако се овие шанси што ги зборуваме сега, наши можности, ние треба дома да си почнеме да се подготвуваме уште сега да работиме. Сите тие амбасадори што ги имаме во Брисел, не знам било каде, треба и во другите држави, треба дење-ноќе да тропаат на вратите во парламентите, во владите во тие држави, да дознаат, истакна во вечерашната Топ Тема Мирче Адамчевски, надворешно-политички коментатор.
Тој смета дека најдобра надворешна политика во моментов има Украина. Вие знаете тие не спијат, 24 саати работат нивните дипломати. Секој ден ги бомбардираат со информации и со барања – ќе идеш таму, ќе прашаш… Сега Кулеба, министерот за надворешни работи го сменија, зошто? Не донел доволно оружје од странство, не успеал да донесе дожд од оружје. Значи, Зеленски е многу ригорозен во тој поглед. Не спијат, затоа што знаат дека ќе бидат вратени ако не ги исполнат тие задачи што им се поставени.
Адамчевски вели не знам нашиов министер за надворешни работи какви задачи им поставува, што работат тие.
Вие ова што го зборуваме, ние сега што го зборуваме, тие треба да го знаат повеќе од нас. Дали ќе биде оваа варијанта или друга варијанта. Тие треба да се информираат, тоа е работата на дипломатите.
Б.С.
