Вести Најважни Свет

Четири години војна Русија – Украина: Борбите траат, преговорите за мир во тек

Четири години по почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, војната сè уште трае, додека паралелно се водат трилатерални мировни преговори со посредство на САД.

Инвазијата, наречена од Москва „специјална воена операција“, следеше по долгогодишни тензии меѓу Русија и Украина, кои ескалираа по настаните од 2014 година и анексијата на Крим… Во изминатите години се водеа жестоки борби на повеќе фронтови, со промени на линијата на разграничување и значителни човечки и материјални загуби.

Во текот на 2022 и 2023 година, руските сили напредуваа во делови од источна и јужна Украина, додека украинската армија спроведе контраофанзиви со поддршка од западните сојузници.

Москва прогласи анексија на регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, потег што беше осуден од Генералното собрание на ОН.

Меѓувреме, повеќе од 70 земји испратија различни форми на помош за Киев, а санкциите кон Русија предизвикаа пошироки економски последици, особено во Европа.

Од почетокот на 2025 година борбите продолжуваат со интензивни воздушни напади и користење беспилотни летала, додека Русија контролира околу една петтина од меѓународно признатата територија на Украина.

Паралелно, се одвиваат мировни преговори иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп, а нова рунда разговори се очекува до крајот на месецот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе