Вести Македонија Најважни

Четири и пол часа, Груби е на распит во Обвинителството

Поранешниот вицепремиер Артан Груби повеќе од 4 и пол часа е во скопското обвинителство откако утрово беше приведен на граничниот премин Блаце, по 14-месечно бегство.

Груби е осомничен за проневера во службата во случајот со Државна Лотарија кога подготвил и предложил одлуки на владина седница која била свикана како акционерско собрание бидејќи државата е сопственик на АД Лотарија. Според кривичната пријава, Груби и уште 7 други лица донеле одлуки кои се во надлежност на Управниот и Надзорниот одбор на Лотарија, а се однесуваат на купување на опрема о машини во вредност од над 8 милиони евра.

Од Обвинителството засега молк и нема информации за текот на распит, но најавено е дека по распитот Груби ќе биде однесен во Кривичниот суд кој му изрече мерка притвор во отсуство.

Груби утрово во 6:10 часот пристигна пеш на граничниот премин Блаце преку кој на 15.12.2024. ја напушти државата. Полицијата го приведе, а тој потоа беше спроведен во затворот Шутка од каде околу 13 часот е донесен во Обвинителството на распит.

Возилото на затворската полиција е пред гаражата кај МНТ, а Груби е спроведен преку влезот во ОЈО од гаражите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе