Вести Свет

Ако не добиеме нафта до понеделник, ви ја гасиме струјата – словачкиот премиер Фицо со порака до Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо се закани на Киев дека Братислава ќе ги прекине испораките на електрична енергија за Украина, доколку до понеделник не протече нафта низ „Дружба“ за Словачка.

„Ако украинскиот претседател не ја обнови испораката на нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки на електрична енергија за Украина“, порача Фицо.

Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „злонамерен“ однос кон Братислава, бидејќи не ја поддржува војната и оти не го почитува „мировниот пристап“ на Словачка. Фицо нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помагала на Украина, истакнувајќи дека на нејзина територија се наоѓаат околу 180.000 Украинци, дека им дава хуманитарна помош и оти организира заеднички владини седници.

„Ако на Западот не му пречи тоа што „Северен тек“ е дигнат во воздух, Словачка не може да прифати дека словачко-украинските односи се еднонасочна улица од која корист има само Украина. Словачка е горда и независна држава, а јас сум горд и суверен Словак“, нагласи Фицо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе