Ендрју Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на Британскиот крал Чарлс трети, вечерва беше ослободен од притвор, но останува под истрага, откако претходно беше уапсен заради сомневањата дека извршил злоупотреба додека ја имаше титулата принц на британската монархија.
Британскиот крал изрази „длабока загриженост“ за случајот, но и додаде дека законот мора да биде спроведен.
Ендрју, кој цела деценија беше специјален трговски претставник на Обединетото Кралство е првиот висок претставник на Британската монархија кој бил уапсен во речиси 400-тини години.
Полицијата претходно соопшти дека ги истражува тврдењата дека Ендрју споделувал чувствителни информации со осудениот сексуален предатор Џефри Епстин, додека ја вршел својата функција.
Поранешниот принц ги отфрли сите обвинувања против него и инсистираше дека никогаш не бил сведок или пак се сомневал дека Епстин ги извршил злосторствата за кои Епстин беше осуден.
Јавно тој не се изјасни за скорешните сомневања за злоупотреба на својата функцијата, ниту пак за најновите информации од досието Епстин, меѓу кои беа и компромитирачки документи и фотографии од него како гостин на осудениот педофил.
