Вести Македонија Топ вести

Владимир Панчевски бара OJO да поднесе кривична по допрен глас и ја повика Владата да ја поништи постапката за иден јавен обвинител

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски кој вчера единствено доби едногласно негативно мислење од Советот на јавни обвинители и на својот фејсбук-профил најави кривична пријава, формално нема да ја поднесе, туку очекува институциите по допрен глас да реагираат.

Во објава на Фејсбук, Панчевски тврди дека членовите на Советот ја искористиле службената положба и ги пречекориле законските овластувања спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство.

Тој ја повика Владата да ја поништи постапката, посочувајќи дека Советот нема надлежност да врши автентично толкување на закони, туку само да ги применува.

Советот на јавни обвинители вчера одлучи дека Панчевски не ги исполнува условите од најмалку 10 години работен стаж како јавен обвинител или судија од областа на кривичното право.

Во меѓувреме, Панчевски објави документ од Основниот кривичен суд Скопје, според кој тој бил судија од 8 февруари 2008 до 28 јули 2020 година.

Според потврдата, тој има стаж од 12 години, 5 месеци и 20 дена – што, како што тврди, директно ги побива констатациите на Советот.

Позитивно мислење од советот за иден јавен обвинител добија четворицата други кандидати, од кои што собранието со мнозинство треба да го избере заменикот на Љупчо Коцевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе