Вести Македонија Најважни

Кој ја мати водата на стружани? – двојно повеќе кал од чешмите

Иако градот лежи на вода, жителите на Струга се соочуваат со најголемата водна криза досега. Веќе девет дена водата од чешмите е загадена и забранета за употреба. Заматеноста се намалува, но и денеска е повеќе од два пати над дозволеното.

Од Центарот за јавно здравје велат  дека водата од градскиот водовод и натаму не смее да се користи ниту за пиење ниту за одржување лична хигиена.

Стружани се револтирани што не само сега, туку и во минатото се соочувале со проблеми во водоснабдувањето.

„Ние, стружаните, иако спиеме на вода, имаме најскапа вода и сега имаме загадена вода“, вели граѓанин.

„Денес треба да дојде комисија да испитува, засега не чини, состојбата е алармантна“, вели друг жител на Струга.

„Секогаш имало проблеми, но ова сега е надвор од се. Купуваме вода за пиење и за готвење“, додадават стружани.

Анализите на Центарот за јавно здравје минатата недела покажаа и до 20 пати поголема заматеност. Потоа таа постепено се намалуваше, а денес изнесува над 3  единици,  а  дозволено е 1,5 единици.

Оттаму се сомневаат дека причина за ваквата состојба се градежни активности во близина на изворот Шум, од каде над 50 илјади жители на Струга се снабдуваат со вода за пиење, а заштитните зони не се обезбедени.

„Дали станува збор за лизгање на земјиште или за друга активност која не би требало да се извршува над самото извориште, треба да откријат надлежните институции. Изворот Шум мора да се заштити за да има безбедна вода за пиење“, вели д-р Лидија Симоновска од Центарот за јавно здравје Охрид.

Од Општина Струга побарале помош од приватна фирма за да спроведе анализи, а со дописи се обратиле и до Градежниот факултет за да се вклучат експерти и да проверат дали причина за загадувањето на водата може да бидат градежните активности околу изворите.

Градоначалникот Менди Ќура денеска немаше време да ја прими екипата на Телма, но од општинската администрација велат дека екипа од приватна лабораторија веќе е во Струга за да направи анализи на водата за пиење.

Во петокот и струшкото Обвинителство оформи предмет и  ги истражува причините за загадувањето и дали тоа потекнува од кривични дела против животната средина.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе