Вести Економија Најважни

(Фото) ССМ денеска со блокади пред Собранието

ССМ денеска наутро излезе на блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари.

Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз.

 

Блокирани се двете улици пред и зад Собранието за да им се оневозможи пристап на пратениците со нивните возила на собранискиот паркинг и во гаражата. Пораката на ССМ е дека пратениците како и работниците треба да патуваат со автобус, но и дека утре народните избраници нема да може да си ги подигнат патните трошоци.

-Добро утро на сите освен на пратениците. Да не може да наплатат патни трошоци како да трошат керозин. Дојдени се пред 9 часот за да не се сретнат со нас гласачите. Платата ќе им се качи и до 20%. Да биде срамот поголем ќе си ги намалат платите за 9 проценти само за работнiците да не дoбојат покаќивање на минималната плата.  Жестоко ги бранат своите плати и трошоци, а нема за работниците. Денешниот ден треба да ги засрами сите, најмногу пратениците. Барањето да им се намалат платите за нив било неуставно бидејќи сфатија дека ќе живеат на минималец. Како е уставно да намалат за 9 проценти, а неуставн за 80 проценти?  Избегаа кукавички пратениците, изјави утрово Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе